Вучиќ утре на средба со Столтенберг во Брисел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Српскиот претседател Александар Вучиќ утре во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

По средбата Столтенберг и Вучиќ заедно ќе се обратат пред медиумите, соопшти НАТО.
Вучиќ на 6 јули најави дека поради ситуацијата на Косово ќе побара средба со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, како и седница на Советот за безбедност на ОН.