Вулкан на островот Сент Винсенд на Карибите, еруптираше, фрлајќи пепел 6 километри во воздухот.
„Ла Суфриер“ вулканот е лоциран на најголемиот остров на Сент Винцент и Гренадини.
„Ескплозицната ерупција на Ла Суфриер исфрли пепел во висина од 20 илјади стапки“, потврдија од Националната организација за управување со вонредна состојба.
Премиерот на Сент Винцент и Гренадини нареди евакуација на 6-7 илјади лица во близина на вулканот.
