WhatsApp воведе опција која досега беше можна само на Facebook и Instagram

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред неколку дена WHATSAPP ја претстави опцијата Message Yourself.

Корисниците сега можат да си испраќаат пораки во апликацијата, што досега беше можно само на Facebook Messenger и Instagram, барем што се однесува до Мета.

За да можат корисниците на апликацијата да си испратат порака, потребно е да ги внесат контактите, каде нивниот сопствен број ќе биде прв во листата. Со допирање на контакт се отвора разговор каде што можете да испратите порака.

Функцијата Message Yourself беше најавена минатиот декември и сега е достапна на сите уреди.