На денешната пресконференција на Владата беше презентирано дека ќе бидат инвестирани 100 милиони евра во модерен ски-центар на Царев Врв, а тоа и на својот Фејсбук профил го сподели вицепремиерот Љупчо Николовски.
„Во срцето на Осоговските планини, на Царев Врв, ќе се гради модерен ски-центар, кој ќе биде еден од петте најголеми центри на Балканот, инвестиција вредна 100 милиони евра!
Одлуката за изградба на ски-центарот е резултат на координација на градоначалниците од североисточниот регион регионот, а на мој предлог овој проект стана дел од владиниот Интервентен план за инвестиции 2021-2027, кој овозможува одржлив економски раст и подобар животен стандард.
Го развиваме недопрениот источен и североисточен регион и ги фокусираме инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава“, напиша Николовски на објавата.
