За 24 часа направил 100.000 чекори, потрошил два пара обувки (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фитнес инструкторот Марк Бел, поставил пред себе предизвик. Одлучил да направи 100.000 чекори за 24 часа. Тоа значи да изоди 80 километри.

Почнал 21. септември во 2:45 наутро. Планирал да оди и да трча во близина додека не ја оствари целта.

Пред овој предизвик во текот на првата половина на септември, секојдневно правел 20.000 чекори, притоа сакал да ги поттикне другите да го следат неговиот пример.

„Одење е одлично за почеток“, рекол тогаш.

Прехраната е клучна за неговата кондиција. Прави повремен пост, го базира менито на протеини и малку јагленохидрати, а дневните прошетки му помагаат да остане ментално здрав.

Предизвикот го завршил во послепладневните часови. Направил 100 илјади чекори, и потрошил два пара патики.

„Задачата физички не беше тешка, но ментално да“.