Се почесто граѓаните пријавуваат во Организацијата за заштита на потрошувачи дека се изманипуилирани од сопствениците на „брзите кредити“.
„Тврдат дека при апликацијата не биле доволно јасна и транспарентно информирани за тоа што треба тие да враќаат. Нели најчесто и оние реклами што ги гледаме велат дека ќе земете одреден износ на пари и нема да ви се наплати камата, но сепак има трошоци кои не се нарекуваат камата но се нарекуваат трошоци и тие навистина не се мали, па граѓаните реагираат“, вели Татјана Тасевска.
Најчести потрошувачи на брзите кредити се ранливата категорија на граѓани велат од Организацијата за заштита на потрошувачи. Поради презадолженост не можат да земаат кредити во другите банки или се бараат документи кои не можат да ги обезбедат или не се вработени и посегнуваат по брзи кредити каде е поедноставна процедурата за добивање.
„Понекогаш дури и не треба да бидете физички присутни он лајн се слчучува целата постапка ви праќаат договор го потпишувате набрзина, сета таа процедура е малу брза. Но граѓаните гладни за пари ги потпишуваат договорите но подоцна настануваат проблеми кога треба да се вратат тие пари. Поради неможност да ги вратат навремено не се наплаќа камата но се наплаќаат трошоци“, вели Лидија Тошевска.
Со законските измени кои ги изготви Министерството за финансии пред четири години се намалија високите трошоци за брзите кредити. Вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничија на 55% од кредитот.
Претходно, годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500% од кредитот.
Со измените се опфаќаат вклучително и мали кредити под 200 евра, кои претходно не беа законски опфатени. На пример, за земен кредит од 12.000 денари на два – три месеци, граѓаните требаше да вратат 36.000 денари
