Прв пристигна актуелниот градоначалник од редовите на ДУИ, Висар Ганиу, кој ќе се бори за уште еден мандат за Чаир.
По него, пристигна и Кастриот Реџепи од Движењето Беса, а по него и кандидатот на ДПА, Мисин Градинај. Нивната средба на плоштадот „Скендербег“ не е случајна, туку е иницијатива на емисијата „Пастел“ на ТВ21 за позитивна кампања со кандидатите за градоначалник на Чаир, кои заедно се напија по една кафе во Скопската чаршија.
-Нека има квалитет, не е важно кој ќе победи, на крајот на краиштата само еден ќе победи…
И кога излегуваш да го испиеш утринското кафе, се чини невозможно целосно да се одвоиш од мобилниот, но ова не ја расипа нивната дружба…
-Еве вака, братска фотографија… Ние му честитаме на оној кој ќе победи!
Но, кога запали цигара, Реџепи од Беса се пошегува:
-Овие немаат катран, доволно ни го оцрнија животот овие, сега и со цигари со катран… многу е….
Со сличен хумор продолжи и Ганиу, во моментот кога тема на разговор беше отворањето културни центри.
Градинај: Да имаш културен центар, младите заедно, тука е мозокот, работите се движат напред! Излегуваат кадри.
Реџепи: Сите проекти кои ги имам јас…
Ганиу: Сѐ што имаш ти, ќе реализирам јас…
По сите шеги и смеи меѓу кандидатите, испратија пораки дека изборната трка не треба да создава кавги и непријателство меѓу луѓето.
-Сите сме за Чаир, соседи сме на оваа мала територија што ја имаме, се познаваме меѓу себе. Од друга страна, убаво спомнавте дека можеме да бидеме политички опоненти, но не и непријатели! Секој се трка со своја програма, трката и победата треба да бидат фер-плеј-вели Ганиу.
-На крајот на краиштата сите сме браќа, од иста нација и крв. Ние се кандидираме со мисла да направиме подобро едни за други, но на крајот ова е политичка трка, не е војна и не треба да има омраза и нарушени меѓучовечки односи-изјави Реџепи.
-Секој има своја програма, свои опции за градоначалник. Нека победи најдобриот. Јас подавам рака, особено на двајцата кандидати тука. Апсолутно немам никакви партиски или индивидуални претензии да се борам со нив-вели Градинај.
Поканет беше и кандидатот на коалицијата АА-ААА, Беким Сали, но ни рече дека не е во можност да дојде поради дневните обврски што ги има.
