За денеска договорени два хуманитарни коридори во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук за денеска се договорени два хуманитарни коридори, пренесува Скај Њуз.

Верешчук рече дека коридорите ќе се движат од регионите Луганск и Доњецк и ќе вклучуваат луѓе што го напуштаат Мариупол со автомобили.

Тие ќе се користат за евакуација на цивили од областите на фронтот.