Белата куќа денеска испрати „честитка“ за Денот на вљубените со ликот на претседателот Доналд Трамп и „цaрот на границата“ Том Хуман, преку која им се закануваат на илегалните мигранти со депортација од САД.
„Розите се црвени, љубичиците се сини, дојди овде нелегално и ќе те депортираме“, пишува во мемето што го објави Белата куќа на мрежата „Икс“.
Позадината на сликата е розова со мали црвени срциња, а под текстот се ликовите на Трамп и Хуман.
