За историја: Мајка и ќерка заиграа ракомет на ист натпревар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мечот во шпанското женско ракометно првенство помеѓу Ла Калзадо и Морверде, ја одбележа еден интересен податок. Во ист тим настапиле мајка и ќерка.

Марица Фариа (38) е репрезентативка на Парагвај, и е една од најискусните играчи во тимот од Хихон, додека со неа настапува 16-годишната ќерка Јерути.

Младата Јерути во 55. минута влегла на теренот, кога веќе се било решено. А, исто така постигнала и гол од седум метри.

Тоа воедно за Јерути Фариа бил и прв настап во сениорскиот ракомет. На крајот нивниот тим славел победа од 31:17.