За кого навивате вечерва – Мароко или Франција?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финалето на Светското првенство ќе го игра Аргентина и победникот од мечот во кој вечерва од 20 часот се среќаваат бранителот на титулата Франција и најголемото изненадување на турнирот Мароко.

Поразениот тим за бронза ќе игра против Хрватска.

Се очекува Франција да ја прекине нереалната серија на првата африканска репрезентација која стигна до последните четири на Мундијалот, но Мароко во Катар докажа дека е подготвен за изненадувања.

Мароко го отвори Светското првенство со реми против Хрватска (0:0), а потоа следеше победи против Белгија (2:0) и Канада (2:1) со кои го освоија првото место во групата. Ја испрати Шпанија дома во осминафиналето по пенали, а потоа Португалија во четврт-финалето.

Франција ја доби својата група и со победи против Австралија (4:1) и Данска (2:1), со неочекуван пораз од Тунис (0:1). Потоа ги победи Полска (3:1) и Англија (2:1) и се појави во полуфиналето.