„За нив 24 илјади денари, за вработените илјада“ – КНС смета дека не е нормално покачувањето на платите на функционерите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конфедерацијата на независни синдикати смета дека не е нормално евентуалното покачување на платите на функционерите за 400 евра, бидејќи како што вели Гоце Делчев од Синдикатот на Полицијата, државата е во долгови и натаму зема заеми а кога станува збор за граѓаните, има покачување од само 1000 денари.

Националниот координатор на Синдикатот на здравствените работници, Боби Бојчевски, бара покачување на платите од 30% за сите вработени, бидејќи како што вели, медицинските сестри се грижат за здравјето а со платата што ја примаат не можат да преживеат.

Синдикалците најавуваат протест за време на изборната кампања или во март.