За Нобеловата награда за мир номинирани вкупно 338 лица!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неверојатни 338 лица се номинирани за Нобеловата награда за мир.

Ова денеска го соопшти норвешкиот Нобелов институт кој истакна дека ова е значително зголемување од 286-те номинирани лани.

Сепак ова не го надминува рекордот поставен во 2016 година, кога беа номинирани 376 лица.

Статутот на Нобеловите награди за мир вели дека идентитетот на номинираните се чува во тајност 50 години, но сепак, досегашните предлагачи без разлика дали се пратеници, или министри, или поранешни лауреати или универзитетски професори, можат слободно да кажат кого предложиле.

Таков пример е и американскиот конгресмен Дарел Иса кој на социјалната мрежа „Икс“ објави дека го номинирал Доналд Трамп и својата одлука ја опиша со зборовите: „Никој друг не го заслужува тоа“.

Членовите на норвешкиот Парламент соопштија дека ги номинирале поранешниот генерален секретар на ОН, Јенс Столтенберг и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и папата Франциск, за нивните напори за поддршка на мирот.