ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА! Фудбалерка со хиџаб играше на СП!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мароканската репрезентативка Нухајла Бензина е првата фудбалерка во историјата која на Светското првенство играла со хиџаб.

Бензина носеше хиџаб на натпреварот против Јужна Кореја во кој нејзината репрезентација победи со 1:0.

Да потсетиме, ФИФА ја укина забраната за носење хиџаб уште во 2014 година. Претходно, на фудбалерките им беше забрането да носат хиџаб поради страв од повреди на главата и вратот.

Интересно, иако забраната беше укината пред речиси една деценија, 25-годишната Бензина е првата фудбалерка во историјата кој решила да носи хиџаб на натпревар од Светското првенство.