За прв пат жена ќе раководи со Скопје – Арсовска го победи Шилегов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За прв пат во историјата по осамостојувањето на државата со Градот Скопје ќе раководи жена. Данела Арсовска во вториот круг на локалните избори го победи Петре Шилегов. Арсовска вчера им се заблагодари на сите гласачи за поддршката.

Шилегов, во првата конференција по затворањето на гласачките места и ја честиташе победата на Арсовска.

Независната кандидатка, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и АА/ААА победа против Шилегов со разлика од 28,08 отсто.

Откако беа изборени сите гласови, крајниот резултат за Град Скопје е: Петре Шилегов 90 672  гласа, а Данела Арсовска освоила 118 749 гласа. Поразот во Градот Скопје беше една од причините поради која Премиерот Заев поднесе оставка.