За вакцинација пријавени над 63 илјади граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство за ТВ21 денеска информираа дека преку преку веб-страницата ,,Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација.

Преку веб страницата може да се пријави секој граѓанин, додека пак самиот систем ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Пријавувањето може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.