За викендот сончево време, од вторник врнежи од дожд!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со слаб ветер од северен правец. T=17°C. P=985hPa. U=47%. V=1m/s.

Во деновите од викендов ќе се задржи сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).