За време на викендот над 6.000 македонски државјани влегле, а над 7.000 излегле од ГП Табановце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако е донесена одлуката за патување без ПЦР тестови помеѓу Северна Македонија и Србија од средината на ноември, за време на викендот преку Граничниот премин Табановце влегле 6.342 македонски државјани, а излегле 7.033, соопштија денеска од МВР. Во периодот од 13 ноември до полноќ 15 ноември пак, влегле 4.519 странски државјани, а излегле 6.680 лица.

Од средината на ноември, годинава граѓаните на државата можат да патуваат без ПЦР тестови кон соседна Србија и Албанија, откако челните луѓе на трите држави се договорија и потпишаа меморандум за соработка во услови на Ковид-19, меѓу нив и за отворање на границите за граѓаните и бизнис заедницата без потреба од ПЦР тест, со што се ослободени од овие трошоци. По донесувањето на одлуката се чекаше и на усвојувањето на техничките аспкети, по што граѓаните и бизнис заедницата можат слободно да се движат помеѓу земјите.Од почетокот на пандемијата во неколку наврати македонската влада согласно препораките на Комисијата за заразни болести донесе неколку одлуки за патувања без и со ПСР тестови кон соседните држави, што се должеше на тековната  состојба со  бројот на заболени.