За живот се потребни 533 евра, трошоците во 2020 зголемени – „Прво сметки, па што ќе остане за нас…“, велат граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трошоците за живот во 2020 година, биле за 2,6% зголемени од 2019 година.

Страшно нешто се случува.

Цените? Поскапо

Па не се баш ниски, високи се во секој случај.

-За разлика од минатата година?

Да, да има покачување и на зеленчукот и на овошјето има покачување

Скоро се е поскапено. Како иде, се поскапо и поскапо

За живот пак на едно четиричлено семејство според последните пресметки на Сојузот на синдикати, не се доволни ниту две минимални плати. Во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалаци, како и за плаќање режиски трошоци.

„На едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари“, потенцира репортерот на ТВ21, Јовица Пауноски.

Лебот, месото, млеко, јајца, сирење ја зголемиле својата цена, а ставката на алкохолни пијалаци, тутун и наркотици бележи зголемување од над 5%.

Намалување пак бележи транспортот, облеката, обувките и комуникациите.

„Според државниот завод за статистика, трошоците за живот во 2020 година, во споредба со 2019 се зголемени за 1,2%, додека цените на мало од 0,2%“, вели репортерот на ТВ21, Јовица Пауноски.

Граѓаните велат дека тешко се поминува еден месец.

Па тешко. Платите и пензиите стојат во место, а цените не само на пазарите, туку и на сите други производи и во маркетите се покачени и тоа се чувствува по џебот на граѓаните

Пензиите не прашувај, 11.000 денари, оди па живеј…дали сметки, дали струја, дали да јадеш, тоа е…

-Како се поминува месецот?

Туркаме…првин сметките ни се најважни, друго колку ќе остане толку, фала му на Бог до сега добро е

Инаку, пад бележи и извозот во првите 11 месеци од 2020 година. Според објавените статистики, намален е за 9,9%. Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.