Забрчанец: Уште една победа за македонската енергетска политика

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште една тазе победа за македонската енергетска политика, без разлика дали на ботовите од фејкњуз визбите тоа ќе им се допадне или не:  „Македонија на врвот по раст на обновливи извори на енергија во регионот!, напиша  националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец,  на својот Фејсбук профил откако специјализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз“ објави дека државата се наоѓа на трето место по зголемено производството на енергија од обновливи извори.

Северна Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто.