Задолжителна вакцинација за лицата над 60 години во Грција, во спротивно парична казна од 100 евра месечно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Невакцинираните Грци кои до 16 јауари 2022 година нема да закажат термин за вакцинација со прва доза од вакцината, секој месец ќе плаќаат административна казна од 100 евра, е новата мерка за невакцинираните во Грција што денеска ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и воедно воведувајќи задолжитена вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека парите, законски, ќе одат во специјален фонд од кој ќе се финансираат болниците и истакна дека не станува збор за казнување, туку за заштита.

Дополнително, најави бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за вакцинираните во пресрет на божиќните празници.