Според најавите на хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ, враќањето на задолжителниот воен рок би можело да започне наесен, а во првата генерација се очекуваат меѓу 18 и 19 илјади војници.
Измените на законот за задолжителен воен рок треба да бидат доставени до претседателот на Републиката Зоран Милановиќ во текот на следната седница, по што ќе има јавна расправа, а потоа и усвојување во парламентот, што се очекува на последната седница пред летниот распуст.
Војниците ќе се обучуваат во касарните во Книн, Слуњ и Пожега, кои се веќе опремени според стандардите на НАТО.
