Заев: Да се воздржиме од присуство на масовни собири

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев во пресрет на најголемиот православен празник велигден упати апел граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Во пресрет на најголемиот православен празник Велигден, со разумност и разбирање да ги прифатиме препораките на здравствените работници и да се воздржиме од присуство на масовни собири во црквите и манастирите, за да се заштитиме себеси и другите од коронавирусот.Да ги прифатиме и почитуваме препораките и апелите и на свештенството на МПЦ ОА и да се придржуваме до редот којшто ќе биде воспоставен и да ги слушаме советите на оние што ќе бидат задолжени да го одржуваат редот“, напиша Заев на Фејсбук.