Заев: Димитриевски е еден од главните кандидати за уште еден мандат во Куманово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев, на денешното обраќање од Куманово, коментираше дали Максим Димитриевски ќе биде избран за нов мандат како градоначалник на Куманово.

Тој не кажа сигурно, но рече дека е еден од главните кандидати.

„Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати. СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброт како во Куманово, така и во сите општини ширум државата“, рече Заев.