Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со заменик претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров, утре ќе остварат работна посета на Софија.
Како што информираа од владината прес-служба, целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Македонија.
Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, со премиерот на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.
Вчера премиерот Заев искажа песимизам кога е во прашање решавање на проблемот до 22. јуни. Тој кажа дека веројатно нема да се надминат разликата до тој датум, но дека обврска му е да работи да изнајде решение.
