Заев: Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На граничниот премин „Блаце“ во еуфорична атмосфера беше пречекана македонската фудбалска репрезентација. Премиерот Заев, првиот вицепремиер Груби во раните утрински часови заедно со новинарите ги дочекаа македонските херои.

„Таа радост ја донесовте вие, македонските фудбалски јунаци кои ги оставивте срцата на теренот во Тбилиси и извојувавте победа со која за прв пат во нашата фудбалска историја, Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство“, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека овој еден гол е една победа за сите.

ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:

„Еден гол за сите, една победа за сите. Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци, во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Така е кога се игра, еден за сите, сите за еден…“, додаде премиерот.

Иако ова е успех кој треба да се слави, поради пандемијата официјална церемонија нема да има.

Владата подготви награда за фудбалската репрезентација на Македонија и секој кој учествуваше во пласманот на Европското првенство во 2021 година ќе добие премија од 10.000 евра.

Погледнете како изгледаше дочекот на нашите репрезентативци на граничниот премин Блаце.