Зоран Заев, претседателот на Владата на Северна Македонија е гостин во ТВ21 во емсијата „Клик Плус“. На крајот од вечерашното издание зборувавме за коронавирусот.
Заев коментираше и за вакцината, и откри дека е направена нарачка преку Грција, односно дека Грција направила нарачка и за нас, а во набавката ќе бидеме вклучени и од страна на ЕУ.
„Грција веќе нарача за нив, направи нарачка и за нас. Пред неколку дена зборував со претседателката на Европската комисија, таа нареди кога ќе се нарачува за нив, да се нарача и за земјите од Западен Балкан, односно за земјите кандидати за ЕУ. Ние нормално сме благодарни на тоа“, рече Заев.
