Заев и Мицкоски меѓусебно нема да се „тркаат“ – ги нема најгласните партиски борци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ги презентираме изборните листи, оние кои партиите веќе ги имат усогласено и донесено на нивните внатрешни конгреси. Започнуваме со СДСМ и првата изборна единица, која е различна од претходниот изборен циклус, одржан во 2016 година.  Се работи за нови имиња кои што најголем дел се променети поради одредени функции кои моментално ги извршуваат или пак пример пратеникот Павле Богоевски кој поднесе оставка од функцијата на половина од мандатот од овој пратенички состав.

Што се однесува до втората изборна единица и листите кои СДСМ ги утврди, се работи за нови имиња, а предводник ќе биде актуелниот технички премиер Оливер Спасовски. На листата ја нема претеничката Фросина Ременски, поради нејзиното замрзнување на членството во партијата, поради инволвираност во случајот „Рекет“, како и тоа што таа е осомничена во вториот дел од истрагата за „Рекет“ кој што се однесува на „Меѓународен сојуз“. Во оваа изборна единица,предвидидени се две места за коалиционите партнери.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев останува носител во оваа изборна единица како и во 2016 година. Интересно е тоа што пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец од Прилеп кој што беше во 2016-та година на второ место од листата, моментално го нема во новата листа креирана од СДСМ. Костадин Костадинов за неколку места се качува погоре на листата, а неизвесно е каде ќе биде позицијата на Горан Мисовски од НСДП кој што во актуелниот пратенички состав беше и потпретседател на Собранието. Во оваа изборна единица предвидени се две места за коалиционите партнери.

Продолжување со најголемата опозициска партија  ВМРО-ДПМНЕ. Ако во 2016 година беше Никола Поповски носител, оваа година, Гордана Силјановска Давкова ќе биде носител во единицата, таа беше еден од кандидатите за претседател на држвата на последните подржани избори, што се однесува до останатите кандидати, сосема е различна листата, односно не се повторувата пратениците. Интересно е името на Сафет Бишевац, кој што претендира да биде пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, иако во претходните парламентарни состави тој беше пратеник од СДМС, како и поранешен новинар од А1 телевизија.

Ова е можеби и најинтересната изборна единица, бидејќи двајцата лидери на најголемите политички партии во државата често се сретнуваа, како во 2016 година Зоран Заев и Никола Груевски, но оваа година сликата ќе биде по различна. Груевски ќе го замени Александар Николовски, со оглед на тоа што тој е веќе азилант во Унгарија, па така нема да се сретнат тогашните лидери. Христијан Мицковски веќе изјави дека тој не сака да биде пратеник, сака само премиер, односно ќе постапи на овие избори како шпицен кандидат.

Во последната изборна единица, интересно е тоа што носителот на листа во 2016 година, веќе нема да се најде воопшто на листата за изборите во април 2020 година.  Па така на неговото место, ќе биде Дафина Стојановска како носител од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица. Во оваа изборна единица само само едно место е предвидено за коалиционите партнери. Инаку партиите, сите оние кои ќе учествуваат  на изборите своите конечни листи, треба до утре на полноќ до ДИК.