Заев и Ципрас ја примија наградата за мир на Вестфалија – „Ова е награда за оние кои носат сериозни политички одлуки“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На групата Добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија покрај имињата на Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Курт Масур, Карла дел Понте, Кофи Анан, екипажот на Меѓународната вселенска станица, се додаваат и имињата на премиерот на Репубилика Северна Македонија, Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

Наградата им се доделува за Договорот од Преспа потпишан на 17јуни 2018-та година поради тоа што ги ставиле политичкиот контекст и иднината пред личните политички кариери, а со тоа ставиле крај на повеќедеценискиот спор.

За премиерот Заев наградата е стимул за оние кои носат сериозни одлуки и водат поргресивни европски политики.

„Со овој договор ставивме крај на долгогодишни разлики и еден ѕид кој ги отежнуваше соседските односи меѓу Северна Македонија и Грција. Спорот траеше 3 декади исполнети со несигурност за нашата иднина. 3 декади на серизона загриженост зарди последиците, 3 декади на блокирани перспективи кој е од клучен стратегиски интерес за нашата земја, за регионот и евроатланските структури“, вели Зоран Заев.

„Историски  на Балканот е комплициран регион  за да промовирате мир. Видовме војни, бариери, надеж, мора да продолжиме да растеме“, посочи Алексис Ципрас.

Наградата свечено ќе биде доделена на 19. септември, во рамки на Самитот во Минстер, каде што на посебна панел дискусија ќе се обратат Заев и Ципрас и Могерини.