Заев: Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција, по новинарско прашање истакна дека кинеските вакцини се очекуваат да пристигнат во земјава до крајот на месец февруари.

„Кинеските вакцини ги очекуваме до крајот на месецот, до крајот на следната недела. Денеска е прв работен ден после Кинеска нова година, нашата амбасада и кинеската амбасада тука, како и компаниите кои помагаат со „Синофарм“, мислам дека денеска ги прават првите чекори. Знаете дека парите се платени од страна на држава, сето тоа ги отвори следните чекори околу транспортот, патувањето, осигурувањето, гаранциите кои треба да се обезбедат“, посочи Заев.

Тој верува дека во следните денови ќе имаат сериозен интензитет за да ги додржат датумите до крајот на месецот, односно до крајот на идната седмица.