Премиерот Зоран Заев денеска е во работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ.
„Мојот народ мене ми даде мандат да создадам решенија, но не ми дал мандат да правдам политики од минатиот век. До сега не постои земја членка на Европската унија која има каква била забелешка за нашите реформи. Нашиот напредок во интеграцијата во ЕУ првенствено треба да зависи од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања. Затоа посветени сме на решавање на билатералните спорови кои се влечат од минатото, а за тоа доказ се Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија“, порача Заев, а известува специјалниот дописник на ТВ21 од Брдо, Словенија.
