Заев на он-лајн состанок со Вучиќ и Рама: Ова е нов Балкан, европски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утрово премиерот Зоран Заев имаше он-лајн состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, на кој се договараа подготовките за Економскиот форум за регионална соработка во Скопје на 29 јули.

„Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, го организираме во Скопје на 29 јули.Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски.“, напиша Заев на „Фејсбук“.