Претседателот на СДСМ, Зоран Заев не ја исклучува можноста за коалиции за локалните избори, но како што вели има услови.
Според него, тие се квалитетот и личноста на кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалник и советници.
Заев рече дека ќе зборува за коалициските партнери, но тоа не зависи само од разговорите туку и од тоа дали партиите нудат квалитетни личности и дали прифаќаат кандидати на СДСМ.
