Премиерот Заев ги коментираше денешните протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, низ повеќе градови во државата, за кои како што рече не ги разбира.
„Мицкоски апсолутно знае дека предлогот е одличен и е појдовна основа за постигање на решението. И сега да продуцирате вака протести со 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе, не знам, 24 возила, ги следам извештаите кои излегуваат сега на медиумите, и 45 луѓе, е тоа се протестите само за да се блокира сообраќајот низ градовите и е порака која што никако не можам да ја разберам. Навистина очекувам она што е најмалку, е да се помогне во ова, наместо да се блокира. Но, не е ништо ново. Во последните четири години од ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, освен кочници, освен правење опструкции на важните процеси коишто ја гарантираат македонската иднина и во нашите интеграции и во делот на економскиот стандард и економските перспективи, немаме видено ништо друго. Секој со својата одговорност. Од овие четири сценарија или три сценарија или колку и да беа што ги кажа Мицкоски, јас верувам дека ниту едно не е прифатливо за граѓаните на нашата земја, рече Заев.