Заев: Не можеме да чекаме ЕУ да ги решава сите внатрешни проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

18 милиони луѓе од регионот заслужуваат да бидат дел од Европската унија, бидејќи и Албанија и Македонија направија многу за да бидат од европското семејство, потенцираше премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека само со меѓусебно поврзување може да се реализира за она што се залага регионот, а тоа е членство во Европската унија.

„Не може да бидеме ништо друго освен членки на Европската унија, но не можеме да чекаме Европската унија да ги решава проблемите внатре, се надеваме дека ќе биде изнајден начин да се решат проблемите во ЕУ и да тргне развојот на економијата во регионот“, изјави премиерот Зоран Заев на воведното обраќање на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

На настанот се присутни над 300 претставници на компании од целиот регион.