На новинарско прашање денеска премиерот Зоран Заев околу најавата за нови рестриктивни мерки, рече дека тој не е за воведување на карантини и „локдауни“, по последното драстично зголемување на бројот на заразени во нашата земја.
„Не сум за локдаун или целосен карантин како што имавме пред неколку месеци. Но, сум за секоја мерка која што ќе спречи ширење на коронавирусот“, рече Заев.
Тој уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од Ковид-19.
