Заев негативен на тестот за коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата, Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека денеска го добил резултатот од тестот за Ковид-19, и истиот е негативен.

„Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен.Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19“, пишува Заев.