Заев: Петровска е една од најдобрите градоначалници во државата, но тоа го мислам јас ќе ги прашаме битолчани…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Битола на новинарско прашање на ТВ21 дали градоначалнишката Наташа Петровска ќе добие шанса за втор мандат тој рече:

„Како граѓаните ќе наредат ние може само да се поклониме и тој да го избереме. Истражувањето покажува дека градоначалничката Петровска е една од најдобрите градоначаници во државата ама тоа го вели Зоран Заев, ќе видиме што мислат битолчани“, изјави Заев денеска во Битола.

Тој додаде дека има уште неколку други квалитетни партиски луѓе кои би можеле да застанат како кандидати за градоначалник на градот поде Пелистер.

„Во тек е втората и третата анкета и така ќе го кажат конечното и само тогаш може да кажеме дека ги слушаме граѓаните“, додаде Заев.