Заев: Попис ќе има во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил посочува дека попис ќе има идната година во април бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата.

Тој вели дека пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери.

„Пописот, како статистичка операција, според највисоките стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика кој за пилот фазата ги доби највисоките оценки.Нашите граѓани чекаат попис речиси две децении, оваа шанса нема да ја пропуштиме. Сѐ е подготвено, а развој е можен само со точни статистички податоци“, наведува Заев.