Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет. Тој се обрати до јавноста и посочи дека ова е прв НАТО самит за државата и е од историско значење.
„Ова е голем успех за нашата држава, голем успех за НАТО. Денес стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и сведочиме за потврдата на единството, кохезијата и солидарноста на алијансата. Траснатланското партнерство е силно како никогаш порано, пред нашите НАТО сојузници истакнавме дека Северна Македонија е посветена на визијата за Балканот во 21ви век, како регион на мир и стабилност. Посветени сме да изградиме нов Балкан со зајакната регионална соработка“, истакна Заев.
Заев се заблагодари на Генералниот секретар Столтенберг, за како што рече неговото водство во креирањето на НАТО 20-30 агендата, во соработка со НАТО сојузниците.
На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот.
