Заев: Разговарав со преживеан, имало силна експлозија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев е веќе во Софија. Во телефонски разговор рече дека разговарал и со еден од преживеаните.

„Успеав да разговарам со еден од преживеаните. Тој и кажа дека се слушнала силна експлозија, по што тој и 7 други патници преку прозорците успеале да се спасат“, рече Заев кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче и МНР Бујар Османи се веќе во Софија.

Заев додава дека им веруваат на бугарските власти и дека нема да бара паралелена истрага.

„Им веруваме на нашите бугарски колеги. Доколку им треба помош, подготвени сме да им помогнеме во истрагата. Сега најважно е да видиме како да им помогнеме на настраданите“, додаде Заев.

Премиерот откако на лице место се запозна со состојбата на повредените, ќе се сретне со неговиот бугарски колега Стефан Јанев.