Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека рестриктивните мерки се една работа, вонредната состојба друга.
Тој додава дека тоа го сфатил и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, а треба и граѓаните.
„По Устав и по закон, штом завршува вонредна состојба следуваат 22 дена до изборите. 34 денови се завршени и 22 се 56, на толку беа распишани изборите. Треба да знаат и граѓаните, а сфати и господинот Вархеј, рестриктивните мерки се една работа, вонредна состојба се друга работа. Може да нема вонредна состојба, а Владата да донесе полициски час, да затвори повторно угостителски објекти, тоа е одлука на Влада и затоа не и треба вонредна состојба на Владата“, посочи Зоран Заев.
