Ново-стариот премиер Зоран Заев, даде изјава за медиумите веднаш по изборот на Владата во Собранието. Тој се заблагодари на сите за довербата, и рече дека сега следува период на голема трансформација и европеизација на Северна Македонија. Прв приоритет на Владата, најави Заев, ќе биде продолжување на антикризните мерки за заштита од коронавирусот.
„Им благодарам на пратениците кои гласаа и кои ни овозможија да ги водиме институциите. Ќе работиме да ја оправдаме довербата.
Прв приоритет ќе биде продолжување на антикризните мерки, за уште поголема помош на граѓаните и економијата. Намалување на последиците од коронавирусот, ќе биде во фокусот на работата на новата Влада.
Со изборот на Владата го комплетираме изборот на ефикасни институции, кои ефикасно ќе работат на намалување на последиците од коронавирусот. Институции кои сите нас ќе не водат во почитување на мерките, и во заштита од невидливиот непријател.
Имаме Влада кој ќе го држат здравствениот систем исправен во новиот налет на коронавирусот.
Ќе обезбеди структурни реформи во администрацијата, прочистување на судстовот и градење на силна правна држава. Законите се донесени, сега е време за нивно донесување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон. А, ние ќе бидеме партнер на сите чинители.
Процесот на евроинтеграцијата продолжува уште позасилено. Сите институции се подготвени за преговори со ЕУ и отворање на првите погледи. Следува период на трансформација и европеизација на нашата држава.
Почитувани граѓани. Во време кога почнува најинтензивната македонска европеизација, приклучете се. Приклучете се во борбата против корупција, во битката против ковид-19, да го исчистиме воздухот, почвата. Следува неповторлви период за Северна Македонија. Затоа да дадеме шанса на трансформацијата.
Бидете будни, гласни, конструктивни… Бидете коректив но и партнер. Ние ќе го слушаме вашиот глас, вашите потреби, ова е моментот сите заедно да работиме на промените, на напредок и развој“, рече Заев.
