Правната држава става крај на хаосот, напиша премиерот Заев и изрази поддршка до Општина Охрид за уривањето на бесправно изградените објекти.
„Изразувам силна поддршка за одлучната акција за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје што ја спроведува Општина Охрид и Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид.
Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните.
Сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат, а ова особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.
Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на Општина Струга“, напиша Заев.
