Со зеленото изненадување, ДУИ објави дека од сега во нивната агенда приоритет ќе биде зачувувањето на животната средина. Но, кои теми за интегративците ќе бидат најитните, а во врска со животната средина? Еден од нив е и проектот со висококатниците спроти Холидеј Ин. Многу организации за животна средина и граѓани бараат укинување на овој проект, но дали ДУИ има моќ да ја спречи изградбата на ваков комплекс во срцето на Скопје?
„На местото зад мене се предвидува да се изгради висококатници, можеби е единственото место во Скопје каде нема згради. ДУИ вчера ја промовираше идејата за зелена агенда, дали ќе направи нешто за да ја спречи изградбата во овој дел, откако околу 8 илјади граѓани потпишаа петиција за да го искажат нивниот став дека се против изградбата и бараат зелена површина“, истакна репортерката на ТВ21.
ТВ21 праша во ДУИ, но оттаму не добивме одговор. На 19 годишнината од партијата, Ахмети најави зелена агенда откако оцени дека ги исполнила големите очекувања, како етничка рамноправност, членството во НАТО и добивањето зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.
„По усвојувањето на нормативниот дел од Рамковниот договор и неговото секојдневно спроведување, суштествените реформи, членството во НАТО и запечатувањето на европската иднина, дојде време ДУИ да се фокусира целосно на квалитетот на живеењето“, посочи Али Ахмети.
И премиерот Заев задоволен што лидерот на ДУИ, Ахмети не води кампања на етничка основа.
Инаку диви депонии има во речиси секоја општина со која раководи кадар на ДУИ, како во Тетово, Липково, Струга итн. но Ахмети рече дека тоа не е вина само на институциите туку и наша (на граѓаните). И на централно ниво од 2008 ДУИ раководеше со Министерството за животна средина, со Неџат Јакупи, Абдилаќим Адми, Нурхан Изаири, Башким Амети, Садула Дураку, а во моментов, Насер Нуредини.
