Заев: Стоп за извршителите до крајот на јуни!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција ги посочи новите пакет економски мерки кои ќе ги достават до Владата за понатамошно разгледување и усвојување.

„Се запира законот за извршување  до крајот на јуни, а извршителите треба да запрат со било какви извршни дејствија. Исклучок е само ако парите се легнати на сметка на извршителите или тие што се наменети за алиментации“, порача Заев.