Заев за ТВ21: Да бев предавник, немаше да добиеме вето од Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 вели дека доколку бил предавник, немало Македонија да добие вето од соседна Бугарија.

„Мицкоски ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека јас правам предавство на македонскиот јазик и македонскиот народ е условено едно со друго. Ако направив предавство досега требаше ветото да биде тргнато“, порача Заев.