Во јавноста во текот на вчерашниот ден, се појави аудио снимка во која наводно се слуша гласот на премиерот Зоран Заев и на Александар Верушевски каде што се зборува за најразлични теми, меѓу кои и за менување судии.
Ова всушност е целосната снимка од оној разговор кој претходно се појави во медиумите, но не беше целосен.
ТВ21 побара став од премиерот Заев, и еве што тој одговори:
„Ја немам слушнато објавената снимка. Ќе се обидам деновиве да најдам време и да ја слушнам, па после може да зборувам. Инаку тоа е разговор од 2016 година, колку што можев да сфатам“, рече Заев за ТВ21.
Еве ја снимката која се појави во јавноста, од страна на новинарот Зоран Божиновски:
