Заев: Законот за државјанство помина на Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците и Алтернатива очекуваат Законот за државјанство денеска да помине на владина седница и да биде доставен во Собрание со европско знаменце.

Пратеникот Сурија Рашиди, вели дека со европското знаменце се отстрануваат сите пречки и додава дека очекува законот конечно да биде усвоен во законодавниот дом.

Албанската опозиција го повлече законот од Комисијата за одбрана и безбедност поради обидите за блокирање од страна на македонската опозиција, според која законот не е решение за проблемот со државјанство.

„Очекуваме час поскоро да го донесат законот и да го испратат до Собрание, така како што се договоривме со европско знаменце, за да се избегнат сите можности за негово блокирање. Очекуваме на првата наредна седница, 46-та на 15 јули, односно в четврток законот да се најде во Собрание и по можност да биде на дневен ред на седницата“, истакна Сурија Рашиди.

Законот за државјанство денеска помина на Влада и ќе биде со европско знаменце. Службите ќе го испратат до Парламентот, но го блокира Левица без разумно оправдување, рече денеска премиерот Зоран Заев.