Загина тракторист во Матејче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера околу 15:40 часот на локален пат село Матејче, Општина Липково, кумановско, трактор „урсус“, без регистарски ознаки, управуван од Б.И.(56) од село Матејче, удрил во ѕид и се превртел. Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.